2015-02-23 09:16:00

Папата Фрањо се сретна со Ангела Меркел


За време на срдечниот разговор, беа истакнати темите за средбата на земјите од Г7, која ќе се одржи во Баварија, со осврт на прашања како што се борбата против сиромаштијата и гладот, злоупотребата на луѓето, правата на жените, како и поттикнувањето на заштитата на создаденото. Меѓу темите на разговор беше и состојбата во Европа, посебно судирот во Украина, со акцент на давање на предност за барање на мирно решение.

Канцеларката Меркел по тој повод предаде донација за децата бегалци и на Папата му подари ЦД со музика од Јохан Себастијан Бах. Светиот Отец, пак на канцеларката и подари медал на свети Мартин, на кој е прикажан како ја дарува својата наметка на сиромавиот и примерок од Апостолското писмо „Евангелии гаудиум“, на германски јазик.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.