2015-02-26 13:10:00

Сирија: 90 христијански семејства се заложници на ИД


Архимандритот истакна дека терористите опколиле две села во провинцијата Хасака, на границата со Ирак: Тел Самир и Тел Хормуз. Има десетици киднапирани семејства: 50 во Тел Самир, 26 во Тел Гура и 28 во Тел Џезира, додека други 14 млади (12 мажи и 2 жени) се заложници на сунитските милиции. Едно 17-годишно момче по име Милад било убиено откако било измачувано“.

Од своја страна, епископот Мар Апрем Атниел, од месната епархија, го информираше архимандритот Емануел дека Исламската држава напредува брзо во целата провинција, на тој начин е загрозен животот на христијаните, кои живеат во 35 населби во регионот. Терористите го нападнале регион Хабур, по поразот на другиот фронт - крај сирискиот град Кобане, од страна на борците на сириската курдска партија „Демократскиот сојуз“, тврди Атниел.

Милициите за кратко време успеале да влезат во првите две населби, заробувајќи десетина луѓе. „За среќа околу 600 семејства успеаја да избегаат кон градот Камишли“, појаснува архимандритот Јохана. „Но, ние сме загрижени за судбината на оние кои се држат како заложници. Ги познаваме добро варварските методи на ИД: најважно за нас сега е овие луѓе да бидат ослободени што е можно побрзо“. Архимандритот наведува дека црквите во Тел Хормуз и Тел Самир за жал, се урнати и изгорени. Надежта е борците на курдска партија „Демократскиот сојуз и сириската војска да го спречат напредувањето на ИД, како и реката Хабур, чие водно ниво претставува природна пречка за напредокот на терористите“.

Сиро-католичкиот надбискуп на Хасаке - Низиби, монсињор Жак Бенан Хиндо, исто така потврдува за агенцијата „Фидес“ дека „терористите заробиле десетина заложници, најверојатно со намера да ги користат за барање откуп или за размена на заробеници“.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.