2015-03-31 10:20:00

Крстен пат на Колосеумот


Монсињор Ренато Корти епископ во мирување од Новара, беше задолжен за подготовката на текстовите за традиционалната побожност која ја предводи Светиот Отец. Епископот во размислувањата, меѓу останатото се осврнува на верските и судските прогони, на семејството и на трпењето и искористувањето на малолетниците.

Во размислувањата монсињор Корти дава глас на Исусовите чувства и мисли; тоа ќе биде како да Го слушаме Христос на патот кон Голгота. Меѓусебно се поврзани постојни потсетувања на љубовта на Бог, која ги чува луѓето; на љубовта која е дар и која доаѓа посебно од распнатиот Исус. Пред таа љубов сме повикани да бидеме чувари на светот и на секој човек.

Во Исус на крстот може да се препознаат заробените мажи и жени, осудени или варварски убиени затоа што се верници или затоа што се заземаат за праведност и мир. Во жалоста и вознемиреноста на Христос Кој оди кон смртта може да се препознаат душите кои ги ранува осаменоста, напуштеноста, рамнодушноста или болеста. Во трпењето на Бог Кој стана човек се наоѓа сè она што денес го ранува: омразата, лагата или каменото срце. Трогателна е сцената на понижениот Исус од Кој ја соблекуваат облеката, споредено со трговијата со човечките битија, со состојбата на децата – војници  , со ропството и злоупотребените деца.

Во размислувањата не недостигаат ниту мислите за жените, за нивното присуство во Црквата и за Марија, мајката на главниот лик во драмата на Голгота на која треба треба да и се довери денешното семејство и следната синода на кое што е посветена. Потоа, овде се и прашањата кои ја поттикнуваат суровоста на која Христос беше подложен: зошто сеуште има мачења, смртна казна, насилство?

Текстот на размислувањата е збогатен со духовното сведоштво на Шахбас Бхати, со списи на некои црковни оци, Џовани Батиста Монтини и Карло Марија Мартини. Но, на последните постојки зборовите на Исус Христос ја растргнуваат тишината со запрепастеност, стравот пред смртта на крстот; зборови силни и продорни: „Затворен сум во тело, но слободен во срцето, како што слободно одев во пресрет на својата мака. Слободен сум бидејќи во мене престојува љубовта, љубовта која би сакала да ги покрие сите луѓе.“

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.