2015-04-15 11:06:00

Епископот Стојанов во Богданци


На вториот ден од Воскресението Христово, 13 април, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во заедништво со парохот о. Тома Ангелов служеше света архиерејска Литургија во парохија „Свети Кирил и Методиј“ во Богданци.  Покрај бројните верници на светата Литургија присуствувшае и градоначалничката на општина Богданци, Анастасија Олумчева.

Во проповедта за време на светата Литургија епископот Стојанов зборуваше за празнувањето на Велигден, кое е средба со Воскреснатиот.

По завршувањето на Литургијата верниците во дворот нна Црквата се задржаа во разговор и заедништво.

к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.