2015-04-16 15:09:00

Заврши деветиот состанок на Кардиналскиот совет


Кардиналскиот совет во среда 15 април го заврши своето девето советување. Во попладневните часови на средбата учествуваше и Папата, изјави портпаролот на Ватикан, отец Федерико Ломбарди на прес конференцијата за новинарите.

Теми на средбата биле ватиканските медиуми, временската рамка за одвивање на реформите,  како и шест предлози кои се од Кардиналскиот конзисториум, а се разговарало и за потребата од формирање на две нови дикастерии. Најголем дел од разговорите кардиналите го посветиле  на временската рамка за реформите на Куријата за наредната година.

На овие средби станало збор и за реформи во ватиканските медиуми.








All the contents on this site are copyrighted ©.