2015-04-17 10:01:00

Апел на христијанските Цркви во Алепо


Доста е со рушење и пустошење. Нека се запре продажбата на оружје! Тој  болен и страдален крик го упатуваат христијанските Цркви, повикувајќи за спас на Алепо, сириско град на маченици, кој на Воскресение Христово – Велигден, 12 април постојано беше гранатиран. Состојбата е влошена – изјави латинскиот католички апостолски викар за Алепо, монс. Георг Абоу Кхазен за агенцијата Азија њуз, додавајќи дека се „засилува военото делување“ и дека цивилното население, муслимани и христијани, се уморни од војната и ужасното насилство.“

Од лудилото не се поштедени куќите, црквите, училиштата, како и хуманитарните организации; христијанските градски населби се изложени на проектили од тешко оружје. Последните денови има десетици христијански жртви, а вкупно ги има многу повеќе. Ги оплакуваме бројните жртви од сите религии и вероисповеди – истакнуваат епископите, барјаќи да можат да живеат во мир, заедно со другите сириски деца, како чесни граѓани.

РВ/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.