2015-04-23 10:49:00

Папата: Нашата Црква е Црква на маченици


Мачениците немаат потреба од „друга храна“, бидејќи нивниот единствен леб е Исус, истакна Папата. Тие „немаат потреба од преговори или да прават компромиси“. Сведоштвото на Стефан е такво што неговите хулници „не успеваат да одолеат на мудроста и духот со кој им зборува“, посочи папата Фрањо. Исто како Исус и Стефан, треба да се соочи со лажни сведоци и народниот бунт, кој го води пред судот. Тој ги потсетува колку други пророци биле убиени, за да останат верни на Божјото Слово и кога „ја исповеда својата визија за Исус“, тогаш неговите гонители се скандализираат, си ги затвораат ушите, за да не го слушнат, а потоа го прогонуваат надвор од градот за да го убијат со каменување.

„Божјото Слово секогаш е непријатно за некои срца - истакна папата Фрањо. Божјото Слово ги вознемирува тврдоглавите и неверниците, зашто тоа поттикнува да одиш напред. Во историјата на Спасението, многу маченици биле убиени поради својата верност кон Божјото Слово и Вистината“.

Мачеништвото на Стефан е слично со она на Исус: умира „со онаа христијанска великодушност на простување и молитва за непријателите“, продолжи Папата. Гонителите на пророците, како и на Стефан“, сметаат дека ако го воспеваат Бог со тоа се верни на Божјото Слово“. „Денес, историјата на Црквата е историја на светци и маченици: прогони на маченици, бројни, убиени од оние кои сметаат дека го воспеваат Бога и ја поседуваат „вистината“.

„Денес, мачениците како Стефан во светот се многу! Да се сетиме на обезглавените наши браќа на плажата во Либија; на момчето кое беше запалено од своите врсници, бидејќи е христијанин; на оние бегалци, фрлени во морето од другите затоа што се христијани; на оние Етиопјани, убиени затоа што се христијани ... И уште многу други за кои не знаеме, но кои страдаат во затворите, бидејќи се христијани ... Црквата денес е Црква на маченици: тие страдаат, го даваат животот, а ние го добиваме Божјиот благослов заради нивното сведоштво“.

Постојат и многу „скриени маченици“, оние мажи и жени верни на „гласот на Духот, кои бараат нови патишта, за да им помогнат на сиромашните и уште повеќе да го сакаат Бог, но се осомничени поради хулење и се прогонувани од многу други „модерни Синедриони“ кои се сметаат за господари на вистината. Колку многу непознати маченици“.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.