2015-05-11 18:19:00

Молебен до Пресвета Богордица за мир во Македонија


Во дворот на резиденцијата на Апостолскиот егзархат во Македонија на Водно пред  статуата на Пресвета Богородица, во сабота напладне 9 мај, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов го предводеше молебенот до Пресвета Богородица за мир во земјата.

Епископот Стојанов овој молебен го молеше во заедништво со свештеници од Скопска бискупија и Апостолкиот егзрхат во Македонија, а присуствуваа и монашките заедници и црковни движења присутни во Македонија, како и семејствата на свештениците.

к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.