2015-05-22 14:43:00

Неокатекуменски пат: Кико и Кармен „почесни доктори“


Се наведува дека тие се разликуваат по „посветеноста кон сиромашните, помагајќи на многу од нив да го прифатат заедништвото со Христос и Католичката вера“.

Вредноста на признанието е голема, бидејќи Католичкиот универзитет на Америка е единствениот Папски универзитет во САД, тесно поврзан со епископската конференција на Католичката црква во земјата и со Светиот Престол.  Титулите „почесен доктор“, предложени од пред неколку години, се одобрени од папата Фрањо за време на средбата со Неокатекуменското движење на 6 март во Ватикан. Тогаш папата Фрањо истакна дека станува збор за „вистински дар на Провидноста за современата Црква“.

Ова е трета титула „почесен доктор“ по теологија за Кико Аргуељо по веќе добиените од Институтот Иван Павле II во Рим во 2009 и од Лублинскиот универзитет во Полска во 2013 година.

Моментално движењето Неокатекуменски пат е дел од 82 епархии и 350 парохии во САД со околу 1.000 заедници. Семинариите на движењето се присутни во 8 американски епархии во кои има 250 семинаристи. До овој момент има 180 свештеници образувани во овие семинарии.

Денес движењето Неокатекуменски пат е распространето во целиот свет, а бројот на неговите членови надминува милион и половина во 125 земји, вклучувајќи ја и Македонија.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.