2015-05-23 17:02:00

Бањаско: Слабеењето на семејството е удар врз општеството


Епископите се обраќаат кон црковните пастири и семејства со цел да се обрне внимание на наставата во училиштето и да се издејствуваат „норми за спротивставување на таа идеолошка девијација“.

За време на собранието, претседателот на епископската конференција, кардинал Анџело Бањаско изјави дека „слабеењето на семејството значи слабеење на општеството“. „Едно општество се крепи не врз добри закони, безбедност, стабилност и слично, туку врз семејството, кое е вистинско училиште во кое возрасните и младите, учат да дебатираат, да се разбираат, да се запознаат и да се поддржуваат“.

Епископите го прифатија повикот на папата Фрањо да живеат меѓу луѓето, но исто така ги посочија „старите и новите клучните проблеми за решавање: невработеноста, драмата на мигрантите, обидите во законодавството за усогласување на брачната институција со други видови на соединувања.

За политичката клима во земјата, кардиналот Бањаско ја истакна потребата од „јавна етика, бидејќи без неа не би било можно изработка на законите“.

Во дискусијата околу реформата во училиштата, претседателот на италијанската епископска конференција повика „да не се брза“, туку да се даде доволно време на тоа деликатно и важно прашање за италијанското општество.

РВ/В.Н.         








All the contents on this site are copyrighted ©.