2015-05-23 17:22:00

Твитер порака на Папата - Молитва за прогонетите христијани


Светиот Отец повторно проговори за прогонствата врз христијаните кои и денес се случуваат во светот. Пораката има хаштаг #free2pray, односно „слободни за молитва“, а тоа е мотото на молитвената кампањата која ја поттикна Италијанската епископска конференција. Се проценува дека 150 милиони христијани се изложени на насилство и дискриминација.

Во средата на Генералната аудиенција папата Фрањо ја спомна молитвената иницијатива на Италијанската епископска конференција, имено во сабота навечер во пресрет на празникот Духовден да се моли за прогонетите христијани. Папата поттикна да се споманат сите кои се прогонети или убиени само затоа што се христијани. Тие се маченици! – истакна Светиот Отец и изрази надеж дека тој момент на молитва ќе ја зајакне свеста за тоа дека верската слобода е неотуѓиво човеково право, да се зголеми чувствителноста за драмата на христијаните кои се прогонети во ова наше време и дека тоа неприфатливо злосторство ќе биде прекинато.

РВ/го*ко       








All the contents on this site are copyrighted ©.