2015-05-26 17:07:00

Црквата се раѓа како универзална, една и католичка


Со слегувањето на Светиот Дух учениците „целосно се преобразиле.“ Како што истакна Папата наместо стравот доаѓа храброста; затвореноста му отстапува место на навестувањето, а секој сомнеж го надминува верата исполнета со љубов. Тоа е според неговите зборови „крштение“ на Црквата која го започнува своето историско одење водена со силата на Светиот Дух.

Се отвора вратата на затворената соба и христијанската заедница започнува да го навестува Исусовото воскресение. Дарот на Светиот Дух – тоа што апостолите сите ги слушнале како зборуваат на нивниот јазик – како што објасни Светиот Отец повторно ја воспоставува хармонијата на јазиците изгубена во Вавилон и ја означува општата димензија на посланието на апостолите. Црквата не се раѓа изолирана, туку како универзална, една и католичка со точно утврден идентитет, но отворена за сите; го опфаќа целиот свет и никого не исклучува. Никому Мајката Црква не ја затвора вратата во лице“, ниту „на најголемиот грешник“, туку „широко ја отвора својата врата на сите“ затоа што е „мајка“ – истакна папата Фрањо.

Пламенот на Светиот Дух пламна на секоја огорченост, ги надмина човечките граници и ги допре срцата на мноштво без разлика на јазикот, расата или народноста. И денес Светиот Дух се излева во Црквата и во нашите срца за да ја надминеме сопствената просечност и затвореност и на целиот свет да му ја навестиме Господовата милосрдна љубов. Тоа е нашето послание! – нагласи Папата. И на нас ни е даруван „јазикот“ на Евангелието и „пламенот“ на Светиот Дух за да го навестуваме воскреснатиот Исус, да ги озариме како нашите така и срцата на народот и да го приближиме Него, Кој е патот, вистината и животот.

По молитвата Царице небесна, Светиот Отец рече дека грижливо и со болно срце ја следи состојбата на бројните бегалци во Бенгалскиот Залив и Андаманското Море. Им се заблагодари на државите кои ги прифатија бегалците, а кои се „соочуваат со големо страдање и опасност“. Ја поттикнувам меѓународната заедница да им ја обезбеди потребната хуманитарна помош“ – рече Папата. Исто така потсети дека пред стотина години Италија влезе во Првата светска војна која уште еднаш ја нарече „бескорисно колење“ и поттикна на молитва за жртвите и за мир.

Папата потсети дека вчера за блажени се прогласени салвадорскиот архиепископ Оскар Ромеро и сестрата од Италија Ирене Стефани која делувала во Кенија. „Нека херојскиот пример на овие двајца блаженици во секој од нас поттикне жива желба за храбро и пожртвувано сведочење на Евангелието“ – рече Светиот Отец.

РВ/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.