2015-06-11 10:26:00

Галагер: Религиозната слобода е фактор за демократијата


„Религиите играат суштинска улога во сложените демократски општества во денешно време“.

Ова го изјави монсињор Пол Галагер, секретар на Светиот Престол за односи со државите, на семинарот организиран од Советот на Европа во Стразбур на тема „Да изградиме заедно поинтегрирано општество: придонес за средбата во Сараево за религиозната димензија на интеркултуралниот дијалог“, предвидена да се одржи во босанскиот главен град на 8 и 9 септември.

Се водеше дебата меѓу повеќе од 200 учесници, претставници на различни христијански деноминации, на различни религии, на земјите - членки на Советот на Европа. Монсињор Галагер кој неколку пати се потпре на изјавата на говорот на папата Фрањо за време на неговата посета на Стразбур на 25 ноември, ги истакна различните аспекти на темата: „Религиите се суштински дел од интеркултуралниот дијалог, посебно во однос на фактот на многуполарноста која е карактеристика на реалноста во која живееме, рече монсињор Галагер.

„Посетата на Светиот отец на Сараево минатата сабота, беше навистина многу плодна: тоа се гледа на лицата на луѓето кои беа таму. Папата посочи дека таму има огромен потенцијал: Сараево и Босна и Херцеговина може да биде одличен пример! Треба, сепак, да кажеме дека има уште многу да се направи, бидејќи како, за жал и во многу други места низ светот она за што треба да водиме сметка е дека живееме во исклучително деликатен историски момент. Затоа е потребно сите ние, верските лидери, верниците и граѓаните, да работиме заедно за нашите земји, за нашите градови за изградба на мир, за да го разбираме се повеќе и повеќе богатство на различноста, за борба против фундаментализмот и „екстремизмот и за да бидеме навистина амбасадори на мирот во нашето општество. Бидејќи живееме во едно многу, многу тешко време“, заврши монсињор Галагер.

 

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.