2015-06-23 12:05:00

Папата до Салезијанците: Образование соодветно на кризата


Заедно со вас му благодарам на Бог што на својата Црква го дарува дон Боско, кој е благослов за Црквата и за целиот свет, особено поради грижата за сиромашните и маргинализираните млади луѓе – пишува папата Фрањо во својот говор, кој што го предаде, не читајќи го на попладневната средба со заедницата од салезијанската заедница во торинската базиликаж Марија Помошничка. Папата истакна три карактеристики на свети Боско: доверба во Божјата Промисла, позив свештеникот да биде во служба на младите – особено за најсиромашните, како и верност на Црквата и на Петровиот наследник.

Како што наведе папата Фрањо, дон Боско бил „татко и учител на младите“, до последниот здив од своето свештеничко служење имал непоколеблива доверба во Бог и заради тоа вршел големи дела. Таа доверба воедно е и суштината на посветениот живот, како што е и неговата плодност – рече Папата и поттикна да се запрашаме дали сме „на висина“ во тој поглед. Друг важен фактор за животот на дон Боско е служењето во корист на младите. Како што стои во салезијанските институции, „Не направил ниту чекор, не изговорил ниту збор, ниту превземал било што, а да го немал во предвид спасението на младите... Навистина при срце немал ништо друго освен спасението на душите.“

Педагогијата на дон Боско може да се сумира во зборовите: да се евангелизира преку едукација и да се едуцира преку евангелизација“ – напомена Папата, истакнувајќи го, меѓу другото неговиот „превентивен систем“ на образование со голема благост и нежност. Потикнувајќи ги членовите од заедницата на салезијанската заедница да продолжат да работат по неговиот пример, нагласи да не ги заборават младите од улиците, на кои им е потребна надежта и образованието во радоста на христијанскиот живот.

Како последна карактеристика на светецот, истакна дека тоа е послушноста и верноста на Црквата и на Папата. Црквата денес ги повикува духовните деца на дон Боско да излезат и секогаш повторно и повторно да ги барат младите таму каде што живеат: на перифериите, во областите од телесните и моралните опасности, во сиромашните животни средини, но особено таму каде што недостасува љубов, сочувство, нежност и надеж. Одете кај нив со татковството на дон Боско – стои на крајот од говорот на Папата.

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.