2015-07-27 14:58:00

Апел на Папата за ослободување на сите киднапирани во Сирија


Светиот Отец повторно упати апел за ослободување на исусовецот Паоло Дал Оглијо како и на сите киднапирани на подрачјата на кои се води конфликтот. Папата Фрањо не ја заборава Сирија и страдањата на нејзиниот народ и затоа повторно повика на помирување во таа земја. Посебно спомнувајќи дека за неколку дена ќе навршат две години откако е киднапиран патер Паоло Дал Оглијо, Папата упати силен апел за ослободување – како што рече – на почитуваниот монах. Не можам да ги заборавам ниту православните епископи во Сирија, како ниту сите други луѓе кои се киднапирани на подрачјата на конфликтот – рече Папата и изрази надеж за ново заземање на надлежните локални и меѓународни власти за на тие наши браќа да им се врати слободата и поттикна на заедничка молитва за нив.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.