2015-08-24 19:34:00

Кардинал Бањаско: Мигранти? Каде е ООН?


„Западот, преку своите не само европски, туку  и меѓународни институции, мора да најде ефикасни решенија за оваа огромна трагедија, за луѓето кои бегаат од својата татковина поради војна, насилства, мизерија и бараат подобра иднина“.

Ова го изјави кардиналот Анџело Бањаско, претседател на епископската конференција на Италија (ЕКИ), за време на средбата со мигрантите, кои најдоа засолниште во семинаријата во градот Џенова.

Прашањето кое кардиналот Бањаско си го поставува, е „дали овие меѓународни институции, а особено ООН каде е концентрирана политичката и финансиската моќ, го имаат некогаш сериозно разгледано прашањето на оваа човечка трагедија“.

Претседателот на ЕКИ нагласува дека „кога гледаме стотици илјади луѓе, жени, мажи, деца, соочени со патувањата на смртта, за да стигнат до оние земји далечни од нивната татковина поради причина што добро ја познаваме, не можеме да не дојдеме до заклучок дека навистина станува збор за итно хуманитарна состојба, за човечка трагедија“.

Кардиналот Бањаско наведува дека Црквата во Италија се труди „да одговори на најдобар можен начин на оваа хуманитарна состојба, со соработка и по барање на надлежните власти“.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.