2015-08-27 18:56:00

Белгиските бискупи повикаа на солидарност со азилантите


Пред големото побарување за азил кој последниве неколку месеци ја зафати и Белгија, белгиските бискупи одговарајќи на повикот на Меѓународниот Каритас, ги поттикнаа граѓаните во своите домови да ги примаат бегалците.

Католичката организација во соработка со властите настојува да ги згрижи азилантите, но структурата на располагање не може да ги задоволат потребите.

Многу луѓе нас нѐ бараат и сакаат да им помогнеме – рече директорот на Меѓународниот Каритас, Франсоа Коренет, а пренесува белгиската католичка информативна агенција. Многу сме задоволни од овој потфат на солидарност, а се надеваме дека ќе се придонесе за ставање на располагање уште дополнителни прифатни структури со цел да се задоволи на новите побарувања. Тоа е вистинскиот начин за помагање на овие луѓе, гарантирајќи го нивното право на азил и заштита во Белгија – потврди директорот на Каритас.

Веќе петнаесет години Меѓународниот Каритас, кој овие недели е зафатен со бегалците на источните граници од Европската унија, го промовира прифаќањето во приватни сместувања каде на азилантите им се овозможува самостоен живот со нивните семејства како и учество во белгиското општество.

Оваа идеа ја подржаа белгиските бискупи повикувајќи ги белгиските парохии и сите христијани во земјата, одговарајќи така на иницијативата на папата Фрањо, да им се отвори вратата на оние кои бараат заштита од некоја држава и да им помогнат на азилантите. Понуденото сместување треба да исполнува одредени држвни прописи: треба да бидат на располагање најмалку шест месеци, и да имаат тоалет и кујна. Каритас го гарантира управувањето на структурите за изнајмениот период, за плаќањето на киријата и за одржувањето во добра состојба. Вработените од католичката каритативна организација се грижат за потребите на гостите.

РВ/З.А.








All the contents on this site are copyrighted ©.