2015-08-30 11:24:00

Прославен патрониот празник на катедралата во Струмица


Со света архиерејска Литургија во петок 28 август 2015 година предводена од Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица е прославен патрониот празник на катедралата.

На светата Литургија, покрај бискупот Стојанов сослужуваше и бискупот Ѓерѓи Дод, Апостолски администарор на Косово, како и бројни свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија, Скопска биксупија и регионот.

„Драги браќа и сестри го славиме најголемиот празник во чест на блажена Дева Марија и нејзиното славно успение и вознесение на небо. (...) Празнувањето на Успението на Богородица е празнување на фактот дека сите луѓе се високо воздигнати во благословеноста на непобедливиот Христос и дека токму ова воздигнување е постигнато во Богородица Марија“ – истакна епископот Стојанов во својата проповед.

По завршувањето на Литургијата во дворот на црквата Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов го благослови агапето приготвено од црковниот одбор.

к.мк/го*ко
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.