2015-10-02 12:53:00

Скопје: Започнаа духовните вежби за свештениците


Во понеделник, 28 септември 2015 година во Скопје започнаа овогодинешните духовни вежби. Водител на духовните вежби е дон Иван Штироња, национален управител на Папските мисиски дела во Босна и Херцеговина. Размислувања за свештеничкиот живот ги темели врз текстови од Светото Писмо. Заедно со својот бискуп на литургиските славења, размислувања и молитви присуствуваат свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска биксупија.

Духовните вежби ќе завршат во четврток 1 октомври.

к.мк/го*ко

 








All the contents on this site are copyrighted ©.