2015-10-09 10:40:00

Во Радово прославен празникот на Марија од Назарет


Во неделата на 04 октомври 2015 година во Радово беше прославен празникот на Марија од Назарет, созаштитничка на парохијата.

Неделната Архиерејска света Литургија ја служеше Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов, во сослужение на повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија. Владиката во својата празнична проповед на посебен начин повика: „На поголемо настојување во следењето на Марија од Назарет денес во начинот на живеење зашто таа работите ги вршеше во редовна молитва и исполнување со радост на секојдневните обврски...“

Владиката ги предводеше двете процесии: - во сабота околу селото со посета на двете капели во Радово, посветени на Марија од Назарет, односно на Блажена Мајка Тереза. И во неделата околу црквата со статуата на Марија од Назарет.

На празникот му претходеше подготовка со Тродневница, во која оваа година заедничкото молење беше под особената накана:„Марија од Назарет дел од нашите семејствата“. Во четвртокот, наговор на тема: „Да се живее со среќа, прифаќајќи ја Марија покрај нас.“ Имаше д-р Зоран И. Стојанов, парох. Молитвите на Верните, ги предводеше о. Трајче Ташев, капелан. Во петокот, наговор на тема: „Марија, прифаќајќи ја со ентузијазам во нашите семејства“. Имаше o. Горѓи Појразов, парох во Петралинци и Сарај. Молитвите на Верните, ги предводеше о. Илија Стојанов, капелан. Во сабота Н.В.П. д-р Киро Стојанов, наговор на тема: „Марија од Назарет, непрекинат дел од нашите семејства“. Предавање со презентација на тема: „Марија, прифаќајќи ја како Каритас“, одржа богословот Спасе Спасов, национален коориднатор за Парохиски Каритас.

Овогодишното 18. чествување на Марија од Назарет во Радово, беше особено попратено и збогатено со учеството на младите, децата и нивните родители. А заврши со заедничко Агапе подготвено од вредните домаќинки од парохијата во соработка со црковните и каритас одборници.

к.мк/з.и.с.








All the contents on this site are copyrighted ©.