2015-10-13 10:27:00

Надбискупот Чапут предупреди на нејасниот јазик


Како што нашите мисли го обликуваат нашиот говор, така нашиот говор ги обликува нашите размислувања и содржината на нашите дискусии. Непрецизен јазик води до конфузија во размислувањата што понекогаш води до несреќни исходи – рече на 10 октомври филаделфискиот надбискуп Чапут во своето излагање

Често слушаме дека Црквата треба да „вклучува“. А со тоа мислиме дека треба да биде трпелива и понизна, милосрдна и да ги прифаќа луѓето, со тоа сите ќе се согласиме. Но, многу е тешко да ги вклучиш оние кои не сакаат да бидат вклучени или пак инсистираат да бидат вклучени под нивни услови – рече надбискупот и објасни:

Можам да поканам некој во својот дом и можам куќата да ја уредам така што да изразува што поголемо добредојде и топлина. Но, човекот пред вратата сеедно мора да одлучи и да влезе. Ако ја преуредам својата куќа според планот на посетителот или странецот моето семејство ќе сноси трошоци и мојот дом повеќе нема да биде нивен дом. Поуката е едноставна. Треба да изразуваме добредојде и да пружиме засолниште на сите кои искрено го бараат Бог. Но, мораме да останеме во Црквата која е посветена на Божјото Слово, верна на мудроста на хрстијанската традиција и која ја навестува вистината на Исус Христос.

Како втор пример монсињор Чапут го наведе изразот „единство во различноста“. Црквата е „католичка“ или универзална – рече – и треба да почитуваме многу разлики во карактеристиките и културите кои постојат меѓу верниците. Меѓутоа живееме во време на големи глобални промени на нејасност и немир. Нашата најитна потреба е еднството, а една од најголемите опасности е разделувањето.

Треба да бидеме многу внимателни околу препуштањето на важните дисциплинарни и доктринарни прашања на националните или регионалните епископски конференции, особено кога притисокот на таквото делуваање го следи духот на самоистакнување и отпор – рече филаделфискиот надбискуп, препорачувајќи во деновите кои доаѓаат Синодата на ум да ја има важноста на единството, она што единството го бара и што неединството преку важните прашања го имплицира.

РВ/к.мк/Д.И.








All the contents on this site are copyrighted ©.