Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ЦРКВА \ Во светот

Осудената на смрт Асија Биби е во тешка состојба

Асија Биби

20/10/2015 10:30

Состојбата на Асија Биби е „тешка, бидејќи од ден на ден станува психички сè повеќе нестабилна". Ова го соопшти Ксавиер Патрас Вилијамс, претседател на организацијата за заштита на правата на малцинствата „Живот за сите" (Life for All). Пакистанската христијанка која во 2010 е осудена на смрт за богохулење е во изолација во затворот Мултан, провинција Пунджаб.

„За неа, за нејзиното здравје и за да издржи до крај беа упатени молитви", посочува Вилијам, кој упати апел „да се подигне гласот за почитување на правдата и да се надминат разликите пред да биде премногу доцна". До овој момент информацијата од Ксавиер Вилијам не е потврдена од други извори.

Во последниве месеци беше голема загриженоста за здравствената состојба на жената, како и за соодветната медицинската грижа. По тој повод семејството на осудената христијанка побара таа да биде преместена во еден затвор на Лахоре. Во јули годинава, Врховниот суд во земјата ја одложи смртната пресуда за осудената христијанка. На седницата во јули, судискиот совет од тројца судии објави дека жалбата поднесена од адвокатот на Асија Биби, муслиманот Сајфул Малук е „прифатена" и нареди случајот да се ревидира и да се испита основаноста на прашањата покренати од одбраната.

РВ/го*ко

20/10/2015 10:30