Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Во Ватикан претставен 51. Меѓународен Евхаристиски конгрес

Меѓународен Евхаристиски конгрес - RV

29/10/2015 11:42

„Христос во нас, надеж на славата“. Овој извадок од посланието на свети Павле до Солунјните ќе биде во центарот на наредниот Меѓународен Евхаристиски конгрес, кој ќе се одржи од 24 до 31 јануари 2016 година во Себу, Филипини, како што најави, пред три години, почесниот папа Бенедикт XVI

Продлабочување на прашањата за осветувањето во Светата Евхаристија, ревитализација на мисионерството и почеток на прославата по повод пет века од почетокот на евангелизацијата на Филипините (1521-2021), се некои од причините да се избере токму Себу како место за одржување на Конгресот, кој беше претставен на прес-конференција во Ватикан.

„Конгресот во Себу, како и светските денови посветени на младите и семејство се можности да посведочиме дека Светата Евхаристија е извор на живот за Црквата и начин на нејзино распространување во светот“, истакна отец Виктор Бокарди од Комитетот на меѓународните евхаристиски конгреси. „Претстојниот конгрес во Филипините - коментираше уште свештеникот - може да биде определен од некои како „архаичен реликт“, но во делувањето придонесе во историјата за обликување на ликот на Црквата од Вториот ватикански собор, враќајќи ја кон нејзиниот евхаристиски извор“.

Средбата е од големо значење за цела Источна Азија, објасни монсињор Хозе Палма, архиепископ на Себу. Азија е еден од водечките центри за светската економија, но на верско поле треба да се работи уште многу за евангелизацијата. Католичката црква е во малцинство и покрај фактот дека во Азија живееше, страдаше и умре, а потоа и воскресна Господ наш Исус Христос. Овој 51. Евхаристиски Конгрес треба да успее да му покаже на азискиот свет како Католичката црква ја одржува својата Евангелска мисија.

„Очекуваме да присуствуваат околу 20 кардинали, 50 епископи и сите епископи на Филипините“. До 21 октомври 2015 се регистрирани 8.345 верници, претставниците на 57 земји. Предвидено е и учеството на 5.000 волонтери, а до овој момент 600 семејства имаат изразено желба да ги прифатат верниците“, рече архиепископот на Себу. Архиепископот изрази благодарност за поддршката и молитвите кои верниците ги упатуваат за претстојниот конгрес.

РВ/В.Н.

29/10/2015 11:42