2015-11-25 11:23:00

Сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи


Католичката Црква во Македонија се вклучи со служење на свeта. Литургии и молитви во сеќавањето на жртвите во сообраќајни несреќи. На повикот на Неговото Високо Преосвештенство монс. д-р Киро Стојанов во храмовите на Католичката Црква во Македонија, од страна на парохиските свештеници, беа повикани сите верници активно да се вклучат во заедничките молитви на 22 ноември на неделните Литургии: „За внимателно однесување во сообраќајот и почитување на животот подарен од Бога...“ За жал и преголем е бројот на жртвите во сообраќајните несреќи по патиштата во Македонија и ширум светот. Огромен број од тие жртви го завршуваат својот живот прерано и неподготвени.

Во повеќето парохии по Светата неделна литургија, беа благословени превозните средства на верниците за Божји благослов, заштитништво и промисла во управувањето со сите моторни возила.

Со тоа Црквата активно се вклучи во повикот и кампањата (од 15 до 22 ноември) на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот. Совет кој е тело на Собранието на Македонија чија основна цел е подигање на јавната свест за последиците од неправилно и неодговорно учество во сообраќајот.

з.и.с.








All the contents on this site are copyrighted ©.