2015-12-01 11:53:00

Во Скопје одржана работилица за деца „Во пресрет на Адвент“


Во саботата на 28 ноемри 2015 во Пасторалниот центар во Скопје се одржа креативна работилница за деца од училишна возраст. Целта на оваа работилица беше да ги воведе децата во новото литургиско време, време во кое се подготвуваме за празникот на Христовото раѓање – Божик.

На работилниците учествуваа 28 деца, кои на самиот почеток на средбата гледаа кратко видео во кое се зборува за доаѓањето на Исус Христос во овој свет, а потоа, инспирирани од него со љубопитност и голем ентузијазам започнаа да ги креираат божиќните мотиви.

Работилниците беа организирани под водство на парохиските вероучителки.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.