2015-12-01 11:18:00

Папата: Бог не сака да се сокриваат гревовите


Свештеничката и монашката верност се покажува во барањето прошка за направените гревови, а тоа значи во несокривањето на сопствените гревови и во непорочниот живот – истакна Светиот Отец на свештениците, монасите и монахињите со кои на 28 ноември се сретна во катедралата Света Марија во Кампали.

Папата на угандиските свештеници, монаси, монахињи и семинаристи им довери тројно послание: чување на сеќавањето и сведочење преку верноста и молитвата. Локалната Црква не треба да се задоволи со споменот на наследството на оние кои го дале животот од љубов кон Исус – рече Светиот Отец. Ако сака да остане верна на споменот тогаш Црквата во Уганда треба да сведочи и да не живее од кирија.

Папата на присутните им рече дека Црквата ги задолжува да бидат сведоци преку верноста на споменот на сопствениот повик, апостолската ревност одејќи по патот на светоста, а тоа значи дека треба да бидат мисионери таму каде што е потребно. Верноста е подготвеност да се отиде во бискупии на кои им се потребни мисионери – рече Светиот Отец.

Нарекувајќи ја Уганда „бисерот на Африка“, Папата истакна дека е натопена со маченичката крв  што сведочи. Треба и понатаму да се натопува инаку ќе го изгуби големото богаство, а „бисерот на Африка“ ќе заврши на чување во некој музеј. Ѓаволот напаѓа малку по малку – рече папата Фрањо.

Во пресрет на адвент и Јубилејот, а за времен на Годината на посветениот живот, Папата ги поттикна присутните на постојана молитва бидејќи – како што рече – ако некој монах, монахиња или свештеник престане да моли или моли малку оправдувајќи се дека има премногу работа, тогаш започнал да го губи сеќавањето и верноста. Молитвата е и редовно исповедање. Не може монасите, монахињите и свештениците да живеат двоен животПотребна е исповед и да барат прошка за сопствените гревови. Бог не сака да се сокриваат гревовите, не треба да се сокрива недостатокот на верност – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк/Д.И








All the contents on this site are copyrighted ©.