2015-12-18 09:00:00

Екуменска молитва за мир просветена со пламен од Витлеем


На 19 и 20 декември црквите во Летонија беа просветени од светлината на мирот, чиј пламен доаѓа од базиликата на Рождеството Христово во Витлеем. Во Рига, во црквата „Света Марија Магдалена“,се отслужи Литургија на која беа поканети да присуствуваат католиците, православните, лутераните и баптистите. Во текот на богослужбата се имаше заедничка молитва за мир во земјата и во светот. Потоа, секоја деноминација однесе пламенче од Црквата во Витлеем во својата црква за да го подари на секој верник.

Латвиската иницијатива е дел од кампањата „Светлина во темнината“, се роди во 1986 година во Австрија, во времето на кампањата за Адвентот поврзана со прибирање на средства на Телевизија ORF. Со текот на годините, иницијативата за пламенот од Витлеем се прошири и денес опфаќа повеќе од триесет земји во Европа, Северна Америка, Мексико и Канада. За Летонија, тоа е седма година.

Пламенот од Витлеем пристигна во Европа, поточно во Австрија, на 28 ноември, со лет на австриска авиокомпанија. Пламенот на кандилото во Витлеем беше запален од деветгодишно девојче од арапско христијанско семејство за време на официјалната церемонија во базиликата на Рождеството Христово, во присуство на градоначалникот на градот, Вера Бабун.

Минатата среда, за време на генералната аудиенција на плоштадот „Свети Петар“, папата Фрањо потсети на оваа иницијатива: „Ја поздравувам срдечно делегацијата од Горна Австрија, која ни ја донесе светлината на мирот од Витлеем“, рече Папата. „Да се подготвиме за празникот на Рождеството Христово, со отворање широко на вратата на своето срце, за да не исклучиме никого“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.