2016-01-12 18:30:00

Витлеем во Струмица


Во вторник, 5 јануари 2015 година дворот на црквата Свети Иван Крстител се претвори за кратко во јудејското гратче Витлеем.

Децата и младите од парохијата се обидоа преку глума, и божиќни песни на креативен начин да го приближат витлеемскиот настан за Рождеството Христово. Посетителите на овој несекојдневен настан можеа да се сретнат со пастири, мудреци, ангели, и секако Јосиф и Марија и тоа во ладната штала, која беше изградена за оваа прилика.

За ладното време да биде поподносливо се погрижи црковниот одбор и Каритас волонтерите со делење на топол чај.

Радосната вест за Рождеството Христово децата ќе ја навестат низ домовите пеејќи божиќни песни.

Идејата за реализација на т.н. „Жива пештера“ произлезе од средбите на млади, а во реазлизацијата се вклучи целата парохиска заедница: Црковен одбор, Парохиски Каритас, веронаучната група и сите верници.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.