2016-02-02 10:54:00

Евхаристискиот конгрес во Себу е шанса за евангелизација


Шанса за започнување на евангелизацијата во Азија, преку дијалог и искуството на заедништво, тоа е желбата на 51 меѓународен евхаристиски конгрес, кој се одржува во Себу, на Филипините, од 24 до 31 јануари, рече во разговор за Радио Ватикан надбискупот Пиеро Марини, претседател на Папскиот одбор за меѓународни евхаристиски конгреси.

Тема на конгресот, кој е продолжение на оној што се одржа во Даблин 2012 година, гласи „Христос во нас, надеж на славата“, а преземена е од Павловото послание до Колосјаните.

Осврнувајќи се на темата на конгресот, надбискупот Марини истакна дека темата на надеж е централна тема на тој евхаристиски конгрес кој се одржува на континентот на кој живеат најмногу млади и на кој надежта е важен фактор за погледот кон иднината. На забелешката од новинарот за тоа дека Филипините заедно со Источен Тимор, е единствената азијска земја во која мнозинството се католици, надбискупот Марини рече дека Филипините се исклучок во Азија, на континентот кад е роден Христос, но и на кој Тој денес е најмалку познат.

На Филипините околу има околу 100 милиони католици, истакна надбискупот и додаде дека затоа Филипините, за нас католиците на некој начин се појдовна точка за евангелизација на Азија.

Говорејќи потоа за бројните христијани во Азија кои уште страдаат, надбискупот истакна дека една од главните причини за тоа што на тој континент Католичката Црква сѐ уште се гледа како црква што е поврзана со Запад. Тоа е голема пречка за евангелизација, па поради тоа потребна е инкултурација на верата и дијалог со другите религии. Важно е евхаристискиот конгрес да покаже дека Евхаристијата е место на помирување и поттик за мир, истакна надбискупот Марини.

РВ/В.Н.

 








All the contents on this site are copyrighted ©.