2016-04-05 10:56:00

Иницијатива на “Cor Unum” за Украина


Апелот на Светиот Отец за Украина дојде во момент кога малку се зборува за таа криза, меѓутоа состојбата и понатаму е драматична. Помош е потребна за 800.000 луѓе низ целото подрачје под контрола на украинската влада и за 2,7 луѓе во зоната надвор од нејзина контрола. За околу 500.000 луѓе итно е потребна основна прехрана. Најголеми се здраствените потреби. На опасност се изложени бремените жени, а многу е висок и ризикот од ширење сида и туберкулоза. Постои недостаток од анестетци и инсулин; операциите често се извршуваат без анестезија. За 1,3 милиони луѓе е загрозен пристапот до чиста вода за пиење, додека плинот и електричната енергија се повремено достапни. Околу 2,3 милиони луѓе имаат итна потреба од лекови. Децата опфаќаат една четвртина од сите бегалци.

Католиците, кои во Украина се околу 10% од вкупното население, иако се малцинство во погоденото подрачје, имаат ефикасни структури и започнаа да им помагаат на оние во потреба. Помошта која ќе се собира во црквите низ Европа ќе биде поделена пред сé преку верските заедници за сите луѓе во потреба, независно од националната или религиската припадност. Поради тоа ќе се организира координација за делење помош под водство на поглаварите на различните верски заедници. Грижата за собраната милост ќе ја води Папскиот совет Cor Unum (Едно Срце).

РВ/к.мк/Б.Р:








All the contents on this site are copyrighted ©.