2016-04-14 13:26:00

Русија: 25 години од обнова на Католичката црква


По повод Годината на милосрдието и 25 годишнината од обновувањето на структурите на Католичката црква во Русија, епископите објавија пастирско писмо.

„На 13 април 1991, Светиот Престол ги обнови своите структури во Русија, нудејќи на тој начин нов живот за Католичката црква во Русија и Централна Азија по 70 години на беззаконие“, стои во пораката. „Денес го упатуваме нашиот поглед кон овој настан и Му се заблагодаруваме на Бога за сите Негови благодати во овие 25 години. Ги покануваме сите верници да молат благодарствена молитва Деветница, за да може радоста и благодарноста да не ги напуштаат нашите срца“.

Во пораката епископите потсетуваат на болната историја на својата Црква, почнувајќи од 1917, кога започна нејзиниот Крстен пат кој продолжил цели 70 години. Почнува прогонот, уништувањето на надворешните структури на Црквата: семинарии, епархии, храмови. Црквата е принудена да живее во илегала. „Ова се драматични и истовремено славни страници во историјата на Католичката црква во Русија - пишуваат епископите. Ние, верниците од ХХI век треба да го сочуваме сеќавањето на мачениците и исповедниците на верата од минатиот век“.

Во овој дух на благодарност, епископите ги повикуваат католичките заедници во земјата да го живеат Јубилејот на милосрдието „отворајќи ги срцата за луѓето кои живеат во очај во егзистенцијалните периферии“. „Во Годината на јубилејот, Црквата уште повеќе е повикана да ги исцели овие рани, да ги ублажи со елејот на утехата, да ги опфати со милосрдието и да ги лeкува со солидарност и должно внимание“.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.