2016-04-21 10:35:00

Папата Фрањо: Христијанинот без Бог е сирак


Ако христијанинот не дозволува Бог да го привлече кон Исус живее како сирак – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 19 април додавајќи дека срце отворено за Бог е способно да ги прифати „новостите“ кои ги донесува Светиот Дух.

И покај чудата, чудните знаци и до тогаш нечуен говор, Евреите постојано го прашувале Исус: „Дали ти си Христос?“ Во делот од литургиското Евангелие се покажува еврејската недоверба кон Исус – рече Папата.

Бог ги привлекува срцата

„До кога ќе ги мачиш нашите души? Ако си Ти Христос, кажи ни отворено?“ Книжниците и фарисеите упорно го прашувале Исус, а тоа прашање доаѓало од слепилото на срцето. Исус често им го објаснува на своите соговорници слепилото на верата: „Вие не верувате оти не сте од Моите овци.“ Милост е да бидеш дел од Божјото стадо, а таа милост бара отворено срце. „Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене, и Јас ќе им дадам живот вечен; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги отме од раката Моја.“ Дали тие овци студирале за да можат да го следат Исуса? Не, „Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите.“ Отецот му ги дава на пастирот овците. Отецот ги привлекува срцата за Исус – рече Папата.

Сирак

Тврдоста на срцата на книжниците и фарисеите е драма која се протега сѐ до Голгота; тие ги гледаат Исусовите дела, но одбиваат да го признаат за Месија. Уште повеќе што и по воскресението на чуварите на гробот им било предложено да изјават дека заспале и тогаш Христовите ученици го украле неговото тело. Ниту сведоштвото на оние кои присуствувале на воскресението не може ги растресе срцата на луѓето кои не сакаат да веруваат. А тоа има последица. Тие се сираци, затоа што го негираат својот Отец – рече Папата.

Книжниците имале затворено срце се чувствувале за свои господари, а всушност биле сираци затоа што немаат однос со Отецот. За своите татковци зборувале, за Авраам и за Патријарсите... како за далечни ликови, но во своите срца биле сираци, живееле како сираци затоа што не дозволувале да ги привлече Отецот. Тоа е вистинска драма за нивните затворени срца – објасни папата Фрањо.

Приврзаност на Отецот

Осврнувајќи се пак на првото литургиско читање кое зборува за тоа како многу погани се отворале за верата и учениците заради тоа се исплашиле и го испратиле Варнава да провери, вели Варнава не се соблазни затоа што ја прифатил новоста; дозволил Отецот да го привлече кон Исус – рече папата Фрањо додавајќи:

Исус нè повикува да бидеме негови ученици, но за да станеме негови ученици мораме да дозволиме Отецот да нè привлече кон Него. Можеме како дете понизно да молиме: Оче привлечи ме кон Исус; Оче дај да го запознаат Исус, а Отецот ќе го испрати Духот да ги отвори нашите срца и да нè води кон Исус. Ако христијанинот не дозволи Отецот да го привлече кон Исус, тогаш живее како сирак. Ние не сме сираци затоа што го имаме Отецот – заврши Папата.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.