2016-04-27 17:10:00

Бискупот Стојанов го прими претставникот на Конрад Аденауер


На 26 април 2016 во просториите на бискупскиот ординаријат во Скопје бискупот Стојанов го прими претставникот на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија г-дин Јоханес Реј.

Во искрена и пријателска атмосфера стана збор за долгогодишната и плодна соработка помеѓу Католичката црква во Република Македонија и Фондацијата Конрад Анденауер на полето на меѓурелигиската соработка.

Бискупот Стојанов ја изрази својата благодарност до Фондацијата и за целиот придонес што фондацијата го дава во изминатите години на полето на меѓурелигискиот дијалог како и надежта дека Фондацијата и во иднина ќе продолжи да дава придонес на ова полето.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.