2016-04-27 16:38:00

Млади ја понесоа енцикликата „Laudato si“на Сверниот пол


Папа Фрањо испрати писмо на група млади Аргентинци во мисија на Северниот пол. Младите со себе носат примерок од енцикликата „Laudato si“, маслинова гранка како симбол на мирот и знамето на Scholas Occurrentes, светска мрежа на училишта, која е основана на поттик од тогашниот надбискуп на Буенос Аирес, Хорхе Марио Бергољо, а која ја организираше оваа експедиција. Станува збор за „порака за надеж“ – како што напиша Папата – за зачувување на создаденото.

Папа Фрањо истакна дека проблемот е голем и дека иницијативите како оваа придонесуваат за освестување за деградацијата на животната средина, за исцрпувањето на природните ресурси, за загадувањето, како и за многу неправедната распределба на богатството. Ова патување покажува дека со љубов, заземање и заедничка работа може старите ѕидови да се претворат во мостови – истакна Папата и заблагодари на младите вклучени во експедицијата за тоа што енцикликата „Laudato si“ ја понеле на поларниот лед. Ви благодарам за вашата храброст и заземање во покажувањето на тоа дека сè е можно – напиша папа Фрањо и побара од нив да молат за него и на Северниот пол.

РВ/Б.Р.








All the contents on this site are copyrighted ©.