2016-05-04 10:10:00

Бискупот Стојанов го прими архиепископот Цирил Васил


Во Скопје на 30 април 2016 година, Скопскиот бискуп и Апостолскиот егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов го прими секретарот на Конгрегацијата за Источни Цркви архиепископот монс. Цирил Васил СЈ, кој дојде во пасторална посета на Апостолскиот егзархат, во придружба на неговиот заменик отец Лоренц Лорусо ОП.

Секретарот на Конгрегацијата за Источни Цркви монс. Цирил во рамките на својата пасторална програма ќе ја предводи велигденската литургија на полноќ во катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица, како и во неделата на Велигден во парохијата Свети Пророк Илија во Радово.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.