2016-05-16 12:24:00

Марија од Назарет пристигна во Македонија


Во недела 15 мај 2016 година бројни верници од парохијата „Свети Пророк Илија“ - Радово, заедно со своите свештеници на граничниот премин Ново Село ја преземаа статуата на Марија од Назарет и во долга колона со околу 50 возила се упатија кон Радово. Откако статуата на Марија од Назартет во придружба на колоната возила пристигна во Радово, најпрво застана пред капелата Марија од Назарет, каде парохот о. д-р Зоран И. Стојанов заедно со Џовани Марија Леонарди и останатите свештеници предводеше кратка молитва. Процесијата со статуата Марија од Назарет продолжи кон капелата Мајка Тереза и парохиската црква.

Бројните верници собрани пред црквата ја пречекаа Марија од Назарет со молитви и богородични песни. Откако беше внесена во црквата, започна Светата Литургија и побожности до Богородица.

Статуата Марија од Назарет ќе престојува во Македонија од 15-27 мај и ќе помине низ повеќе парохии од Апостолскиот егзрахт и Скопска бискупија.

к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.