2016-05-18 10:38:00

Борбата со тероризмот бара создавање инклузивни општества


Неопходно е “да градиме мостови, а не ѕидови“, за да го спречиме паѓањето на младите во мрежата на тероризмот. Оваа порака ја упати постојаниот набљудувач на Светиот Престол во ООН, монс. Бернардино Ауза, за време на седницата на Советот за безбедност.

Верските лидери треба да ја делигитимираат манипулацијата на верата

Според монс. Ауза за искоренувањето на тероризмот е потребно првенствено да се влијае врз умот и срцето на оние кои најмногу се изложени на ризик од врбување. Идеологијата на терористите е да се идентификуваат „непријатели“, кои потоа ќе бидат нападнати насекаде, каде што се наоѓаат, било во Париз, било во Алепо. Затоа прво треба „да се води борба со идеологијата на терористичките групи“, која се базира на тенденциозни толкувања: верските лидери треба да ја делигитимираат манипулацијата на верата и изопачувањето на Светите списи кои се користат за оправдување на насилството“.

Создавање на инклузивни општества

Треба да се разгледаат длабоките причини, кои го потхрануваат тероризмот: често врбуваните млади потекнуваат од сиромашни семејства на мигранти, разочарани од недостатокот на интеграција. Во овој случај, владите треба да се ангажираат за справување со проблемите на тие заедници, кои се најмногу изложени на ризик, со цел постигнување на „задоволителна социјална интеграција на овие заедници“. Не треба да е на последно место и неопходната интервенција на интернет, бидејќи некои терористички групи се насочени кон врбување на луѓе преку веб страниците. Со други зборови потребни се инклузивни општества и борба против трговијата со оружје: потребен е „дијалог, а не меѓусебно исклучување“.

РВ/В.Н.








All the contents on this site are copyrighted ©.