2016-05-18 10:26:00

Вељановски: Папата изрази подготвеност да ја посети Македонија


За време на получасовната аудиенција на папата Фрањо со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски одржана на 16 мај во Ватикан станало збор за традиционалните човекови и семејни вредности, меѓу кои многудетното семејество и бракот, како и мигрантската криза.

Во изјавата за новинарите Претседателот на Собранието Вељаноски истакна дека го поканил Папата да ја посети Република Македонија, а папата Фрањо изразил подготвеност, истакнувајќи дека секогаш во неговата агенда е посета на мали држави за да испрати порака во светот за поголема соработка и сплотеност меѓу народите.

На средбата беа разменети подароци, при што Папата доби резба со флора и фауна од Македонија и тијара, додека Папата му подари на Вељановски уметничко дело, кое изразува сплотеност.

Во фокусот на разговорите помеѓу Државниот секретар на Светиот Престол, кардинал Пиетро Паролин и Вељаноски била мигрантската криза и состојбата на јужната граница.

На аудиенцијата кај Папата во македонската делегација се Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх  во Македонија, директорката на Комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска, Архиепископот г.г. Стефан, како и Епископот Хераклејски г. Климент.

к.мк/го*ко








All the contents on this site are copyrighted ©.