2016-05-18 10:50:00

Папата: Кој е поголем?


Патот кој Исус го покажува е патот на служењето, но често се копнее за моќ, пари и суета – предупреди папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 17 мај 2016 година во капелата на домот Света Марта.

Патот кој Исус го покажува е патот на служењето, но често се копнее за моќ, пари и суета – предупреди папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 17 мај 2016 година во капелата на домот Света Марта, притоа нагласи дека христијаните треба да ја победат „световноста“ која ја уништува Црквата додавајќи дека треба да се чуваме од „лакташ“ кои другите ги уништуваат само за тие да се „искачат на врвот.“

Исус своите ученици ги поучува на патот на служењето, а тие се расправаат кој е најголем меѓу нив. Поаѓајќи од литургиското Евангелие, Папата се осврна на искушението на световноста кое и денес го уништува сведочењето на Црквата. Исус зборува за понизноста, смртта и откупувањето, а учениците се расправаат за моќта кој од нив ќе биде најголем – рече Папата.

Христијаните треба да ја победат желбата за власт

Власта била искушение за учениците, размислувале како светот. Се расправале кој е најголем, кој треба да биде на прво место, а Исус им вели да бидат последни, да служат на сите. На патот кој ни го покажува Исус служењето е правило. Кој најмногу служи, тој е најголем, оној кој е на располагање на другите, а не оние кои се фалат, кои копнеат за власт, пари, суета, кои се горделиви. Тие не се големи – рече Светиот Отец додавајќи:

А тоа што им се случило на апостолите и на мајката на Иван и Јаков секој ден се случува во секоја заедница. Кој е најголем меѓу нас? Кој заповеда? Похотта! Во секоја заедница, парохија или институција – секогаш е присутна желбата за власт – рече Папата додавајќи дека и првото читање од Посланието на свети Јаков тврди дека власта, зависта и љубомората го уништуваат другиот.

Власт по секоја цена

Тоа е пак пораката на денешната Црква. Светот зборува за властодршците, а Исус дојде за да служи, а не да му служат. Желба за чест, моќ... Тоа е кога сакам да имам моќ, а не да служам, кога сакам другите да ми служат; кога се прави сè, се озборуваат и оцрнуваат другите само да се стигне до власта. Зависта и љубомората одат по тој пат и уништуваат. Тоа денес се случува во многу црковни институции: парохии, заводи, други институции.... Многумина се желни за световниот дух, а тоа е духот на богатството, желба за чест, суета и гордост – реќе Папата додавајќи дека Исус и апостолите зборувале со различни јазици.

Световниот дух ја уништува Црквата

Кога големите светци се чувствувале дека се многу грешни го зборувале тоа затоа што сфаќале дека во себе го имаат световниот дух и многу световни искушенија. Никој од нас не може да тврди дека е свет, чист човек. Сите нас нè заведува световноста, сите сме искушувани да го уништиме другиот човек само за да стигнеме до врвот. Тоа е световно искушение, тоа ја распарчува и уништува Црквата, тоа не е Исусов дух – истакна Папата.

Убаво е да се замисли сцената: Исус зборува за служење, а учениците велат дека е подобро да се оди напред и да не прашуваат премногу, тие сакаат меѓусебно да се расправаат кој ќе биде најголем. Би било добро да се присетиме колку пати сме присуствувале на такви расправии, колку пати така самите сме правеле и да го молиме Господ да нè просветли дека световниот дух е Божји непријател – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.