2016-05-18 10:09:00

Статуата Марија од Назарет во Македонија


Од 15 до 27 мај 2016 во повеќе парохии во Македонија ќе престојува статуата Марија од Назарет.

Пред 18 години во своето прво Патешествие, Марија од Назарет, од Израел (8 март 1998) и 25 март 1998 (празникот Благовештение) тргнувајќи од Лорето обиколи многу земји по целиот свет за да во пресрет на Големиот Јубилеј (2000 години), односно 25 декември 1999 стигне во Витлеем. Во тоа Светско Патешетвие престојуваше и во Македонија.

Престојот во Македонија беше карактеристичен, зашто наместо една седмица како што беше предвидено да престојува по главните градови низ сите држави, престојуваше две седмици зашто и беше забранет влез во тогашната СР Југославија.

Статуата Марија од Назарет, во Македонија престојуваше од 26 септември до 10 октомври 1998.

Голема е радоста дека Марија од Назарет и овој пат ќе биде придружувана од отец Џовани Марија Леонарди, свештеник-фрањевец, кој и пред 18 година ја придружуваше Марија во Патешествието по светот.

Исто така голема е и симболиката дека на 10 октомври 1998 година Марија беше испратена од парохијата Радово во Бугарија за сега пак Таа да биде дочекана од Бугарија на 15 мај.

Месец мај е посветен токму на Марија.

Првата парохија која Статуата ќе ја посети е парохијата Радово, каде таа е Созаштитничка.

к.мк/з.и.с.








All the contents on this site are copyrighted ©.