2016-05-21 12:33:00

Искористувањето на работниците е смртен грев


Искористувањето на работниците заради лично збогатување е исто како е да се биде крвопиец, тоа е смртен грев – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 19 мај 2016 година во капелата на домот Света Марта.

Богати крвопијци

Првото литургиско читање земено од Посланието на свети Јаков е остра опомена за богатите кои го искористуваат народот за акумулирање на пари. Материјалните добра сами по себе се добри, се релативни, но не апсолутни. Грешат сите оние кои ја следат т.н. „теологија на благосостојба“, а според која „Бог те смета за праведен штом ти дал многу добра.“ Имено срцето не смее да се прилепува за богатството, затоа што не може да се служи на Бог и на богатството. Материјалните добра можат да бидат „синџири“ кои ја одземаат „слободата“ за наследување на Исуса. Свети Јаков вели: „Ете, платата што сте ја задржале за работниците, кои работеа на вашите ниви и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господа Саваот“ – потсети Папата додавајќи:

Кога материјалните добра се стекнуваат со искористувањето на луѓето, богатите работно ги искористуваат, а бедните луѓе стануваат робови. Да се осврнеме на она што денес се случува: во целиот свет се случува исто. Се бара работа, се потпишуваат Договори за работа од септември до јуни без пензиско и здравствено осигурување. Во јуни се суспендира договорот, во јули и август може да се јаде воздух, а во септември повторно да се обнови договорот. Така постапуваат крвопијците. Тие живеат од крвта на луѓето кои ги претвораат во робови на работата– рече Папата.

Искористувањето е смртен грев

Папата се присети како некоја девојка му кажала дека и е понудена работа „на црно“ да работи единаесет часа на ден за 650 евра и дека и одговорил: „Ако ти се допаѓа прифати, а ако не „остави“. Има други чекаат на ред. Богатиот се „дебели во богатството“, а апостолот вели: „Ги потхранивте срцата ваши како за ден за клање.“ Крвата на овој народ која сте ја цицале и од која сте живееле вика кон Бог, вика за правда. Искористувањето на народот денес е вистинско ропство. Ние мислевме дека повеќе нема робови, но ги има. Вистина не се оди во Африка и да се купат и потоа да се продадат во Америка, тоа не; робовите се во нашите градови. Тие се трговците тие немилосрдно ги искористуваат луѓето – рече Папата.

Вчера на Генералната аудиенција размислувавме за богатиот и Лазарт. Богатиот живеел во својот свет и не забeлежувал дека пред неговите врати од куќата гладува сиромавиот. Но уште е потешко тоа што денес се случува. Богатиот барем не е го забележувал и затоа другиот умрел од глад; потешко е пак искористувањето, со работа да се изгладуваат луѓето заради лична добивка. Смртен грев е да се живее од крвта на народот. Треба да се врши голема покора, земеното да се врати за да се преобратиме од тој грев – рече Светиот Отец.

Погребот на скржавецот

Папата раскажа како народот се шегувал на погребот на некој скржавец: Погребот е уништен – му зборувале – не можеле да го затворат ковчегот затоа што со себе сакал да понесе сè што имал, а не можел. Никој со себе не може да го понесe своето богатство – истакна и го заврши размислувањето:

Да размислуваме за денешната драма: за искористувањето на луѓето, за крвата на луѓето кои стануваат робови, за трговците со луѓе, не само за оние кои ги продаваат проститутките и децата заради малолетничка работна сила, туку и за да кажеме „почовечката“ трговија: Те плаќам одредено време, немаш право на годишен одмор, ниту на здравствено осигурување; тоа е збогатување со работа на црно. Нека Бог ни даде милост за да можеме да го сфатиме она што во денешното Евангелие ни го вели: Поважна е чашата вода во името Христово од сите добра стекнати со искористувањето на народот – заврши Папата.

РВ/к.мк

 








All the contents on this site are copyrighted ©.