2016-07-05 09:52:00

Патер Ломбарди за Меѓугорје


Поради пишувањата во некои  медиуми и новинарски прашања поврзани со Меѓугорје, патер Федерико Ломбарди, директор на канцеларијата за печат при Светиот Престол даде краток одговор.

Во последните денови се слушаат гласини за можно именување на апостолски администратор за светилиште во Меѓугорје, со кое директно ќе управува Светиот Престол.

Станува збор за една можност која се разгледува, но сѐ уште не е донесена никаква одлука. Поради тоа е прерано да се зборува за тоа, како за нешто веќе да е одлучено или пак како за некоја одлука која ќе се донесе наскоро – истакнува патер Ломбарди во својот одговор.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.