2016-07-19 17:33:00

Африканскиот континент ќе биде посветен на Божјото милосрдие


Целиот Африкански континент на 14 септември ќе биде посветен на Божјото милосрдие. Посветувањето ќе се одржи во рамките на Третиот конгрес за Африка и Мадагаскар за Божјото милосрдие (АМАСОМ), во Кигали, Руанда, од 9 до 15 септември.

Како специјален Папски пратеник на конгресот ќе учествува кардинал Лоран Монсенго Пасиња, надбискуп во Киншаса,  Демократска Република Конго.

Божјото милосрдие, извор на надеж за нова евангелизација

Конгресот, како што рече отец Станислав Филипек, директор на конгресот, ќе понуди можност за помирување вкоренето во милосрдието, и ќе се одвива под мотото „Божјото милосрдие, извор  на надеж за нова евангелизација во Африка“, во контекст на вонредниот Јубилеј, кој го прогласи папата Фрањо, а трае до 20 ноември. Се надеваме дека овој конгрес на учесниците ќе им пружи можност за молитва, размислување и продлабочување на верата во Бог и заедништвото во различноста – рече отец Филипек.

Поклонение во Кибехо, африканскиот Лурд

Во прилог на чинот на посветувањето на Божјото милосрдие на целиот Африкански континент, учесниците на конгресот на 15 септември ќе одат на поклонение во светилиштето на Пресвета Богородица од Кибеха. Местото е познато како Лурд во Африка, а во него се чува споменот од објавувањето на Блажена Дева Марија на некои млади, помеѓу 1981 и 1989 година. Како подготовка за конгресот во црквата на Божјото милосрдие, во Кигали, ќе се моли деветница.

РВ/к.мк

 








All the contents on this site are copyrighted ©.