Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Папата неочекувано телефонираше на властите во Ница

Папата Фрањо - AFP

21/07/2016 10:14

Папата Фрањо во неделата на 17 јули 2016 година навечер „од ведро небо“ се јави на Паол Силиј водачот на „Француско-италијанското пријателство“, национално здружение на Италијанците кои живеат во Франција и Кристијан Естросиј градоначалник на Ница. Силија за Радио Ватикан изјави дека папата Фрањо му се јавил во неделата околу 19.00 часот „извинувајќи се заради тоа што не зборува добро француски.“

„Прво што ми кажа беше: „Што можам да направам за вас?“ – рече Силиј присетувајќи се на разговорот. Силиј рече дека Папата му ветил дека ќе се сретне „колку што е можно порано“ со семејствата на жртвите, велејќи дека точниот датум допрва треба да се одреди.

Во разговор за Радио Ватикан, Естроси рече дека гестот на Светиот Отец во него ја обновува силата потребна за соочување со оваа ситуација. Естроси исто така додаде дека телефонскиот разговор на Папата утеши илјадници луѓе кои ги подржуваат семејствата на жртвите.

„Сликата од сите цвеќиња, писмата, играчките ставени на шеталиштето со цел на жртвите да им се оддаде почит е знак дека никој нема да може да ги заборави; но, зборовите на Папата и утехата која ја донесува ги ублажува тие ужасни спомени и на сите им дава сила и надеж“, рече Естроси.

РВ/к.мк

21/07/2016 10:14