2016-07-21 10:57:00

Монс. Стојанов се сретна со претседателот на МАНУ Таки Фити


Во зградата на МАНУ на 20 јули 2016 година Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. д-р Киро Стојанов се сретна со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Таки Фити, во врска со организирањето Свечена академија по повод „Деновите на света Мајка Тереза“ која ќе одржи во месец септември.

Академикот Фити во име на МАНУ изрази радост што може да придонесе во реализирањето на Академијата во рамките на Татковинската прослава, како благодарност за дарот на канонизацијата на Мајка Тереза. Бискупот Стојанов му заблагодари на академик Фити како и на Македонска академија на науките и уметностите за соработката, и вклученоста како на МАНУ така и на останатите значајни институции, при што ја истакна радоста заради канонизацијата на блажена Мајка Тереза и културно духовните настани кои ќе ги одбележат тие денови.

к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.