2016-07-21 10:27:00

Црквата загрижена за постојаниот пораст на омраза во светот


Многу нè загрижуваат светските сценарија бидејќи, за жал, гледаме како расте омразата, поделбата, споровите, а сè потешко е да се решат овие конфликти и кон нив да се однесува по мерило на правда, достоинство и солидарност – вели кардинал Пиетро Паролин.

На новинарско прашање за атентатот во Ница, кардиналот истакна дека нема зборови. Сметам дека атентатот е израз на чиста омраза: слепо да се оди на луѓе собрани на прослава, да се масакрираат деца и стари луѓе. Човек навистина се прашува што се случува. Сите заедно мора да настојуваме да ги разбереме причините за овие многу драматични и болни појави за да може да ги победиме. Треба да делуваме на повеќе нивоа: (...) потребно е вложување во културниот карактер за да се отстранат корените на тие појави и да помогне на народите и луѓето взаемно да се прифатат, да се направи – како што вели Папата – постоечките разлики да станат можност за заедничко збогатување, а не за конфликт и тага – истакнува кардинал Паролин.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.