Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ПАПА \ Активности

Самоубиствен напад во Квета. Сочувство од Светиот Отец

Пакистанските правници протестираат после нападот во Квета - AFP - AFP

11/08/2016 09:50

Најмалку 67 луѓе се убиени и повеќе од 100 се повредени во бомбашкиот самоубиствен напад во болница во градот Квета, во Пакистан. Гардиан и ББС известуваат дека станува збор за намерен напад на најистакнатите правници во таа покраина, кои биле собрани во болницата по убиството на своите колеги.

И таканаречената Исламска држава и Јамут-ул-Ахрах – пакистанска група која се оддели од Талибанците – преземаа одговорност за двата напада. Јамут-ул-Ахрар, исто така, презеде одговорност за бомабшкиот напад во кој за време на воскресното славење во еден парк беа убиени повеќе од 70 луѓе, вклучувајќи многу деца.

Длабоко растажен поради губитокот на животите по нападот на болницата во Квета, Неговата Светост папа Фрањо го испраќа своето искрено сочувство на роднините на починатите, властите и целата пакистанска нација – стои во пораката која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин, Папскиот државен секретар. Освен тоа напоменува дека Папата моли за повредените и убиените во тој „безмилосен  и брутален чин на насилство“ и на сите кои тагуваат и кои се погодени од таа трагедија „повикува божјите дарови утеха и сила“.

Ние правниците сме на мета затоа што секогаш го креваме својот глас за човечките права и за демократијата – изјави за новинарите Али Зафар, претседател на Здружението на врховни судии. Пакистанскиот премиер Наваз Шариф се упати во Квета после нападот и кажа дека „сите државни безбедносни институции мора да одговорат со полна сила “ на терористичките напади.

РВ/к.мк

11/08/2016 09:50