2016-08-11 09:40:00

Папата Фрањо упати телеграма со сочувство до монс. Стојанов


По повод големото невреме кое го зафати Скопје и околината вечерта на 6 август, во кое животите ги загубија над 20 лица и нанесена е голема материјална штета, папата Фрањо преку својот Државен секретар, кардинал Пиетро Паролин упати телеграма со сочувство до Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, која ја пренесуваме во целост:

*******

Ватикан, 8 август 2016 година

До

Неговото Преосвештенство монс. Киро Стојанов, скопски бискуп

Информирани за драматичното невреме што го погоди градот и околните населени места, предизвикувајќи длабока болка на целата заедница во земјата, светиот Отец Папа моли да ги пренесете до тешко погодените семејства на починатите, Неговите изрази на длабоко сочувство, искажувајќи ја својата духовна блискост до ожалостените.

Неговата Светост моли за сите оние кои ги загубија своите животи и додека повикува небесна утеха за оние кои пострадаа од последиците на невремето до сите испраќа свој апостолски благослов

Кардинал Пиетро Паролин,

државен секретар на Неговата Светост

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.