Cоцијални мрежи:

RSS:

Радио Ватикан

Гласот на Папата и Црквата во дијалог со светот

jазик:

ВАТИКАН \ Настани

Кардинал Пиетро Паролин поттикна на молитва за Венецуела

Кардинал Паролин - OSS_ROM

14/08/2016 10:01

Кардинал Пиетро Паролин Папскиот државен секретар на 13 август 2016 година ја преводеше светата Литургија за млади во италијанското светилиште Свети Гаврил од Жалосната Богородица.

Во проповедта потсети на времето кога бил апостолски нунциј во Венецуела. „Знаеме“ – рече кардиналот – „дека Венецуела се бори со тешки општествени, политички и економски проблеми кои предизвикуваат големи страдања“ за населението. Затоа повика на молитва за Венецуела, за нејзините граѓани да бидат „протагонисти на јавниот живот и општествени фактори кои мудро и храбро ќе изнајдат мирни решенија за моменталната криза и во сè да владее чувството за општо добро, за праведност, солидарност и љубов.“

Ги поттикна младите да го следат примерот на свети Гаврил од Жалосната Богородица кој својата доверба ја положил во Господ и го прифатил неговиот повик. „Тоа го направил во училиштето Свети Павле од Крстот избирајќи ја неговата духовност обликувана со верност да се живее Евангелието и да се навестува спасоносната сила на Крстот на своите браќа. Свети Гаврил“ – рече кардинал Паролин – „со својот живот ја направил да биде силата на Христовата мака која ја поддржува Црквата и одењето на секој човек.“

Открил дека размислувањето за Исусовата мака е „најдобриот начин да се сфати до која мерка Господ го сака своето создание. Никој никогаш не може да се сомнева дека Срцето прободено на крстот за нас стана извор на живот. Од тие рани за нас извира милосрдие“ – рече Папскиот државен секретар.

РВ/к.мк

14/08/2016 10:01