2016-09-02 10:42:00

Меѓународен конгрес на Реновабис


Темата избрана за овогодинешната средба е „Сведоци на Евангелието – архитекти на светот“ и посебно се фокусира на улогата на лицата со посветен живот во различните европски општества.

Во пораката која ја потпиша кардинал Пиетро Паролин Папскиот државен секретар Светиот Отец ги потсетува учесниците да „бидат сведоци на Евангелието“ значи „да бидат во одење“. Тоа посебно е актуелно за мисионерските заедници чии членови „ја напуштаат сигурноста во татковината за да одат до крајот на светот“ и на луѓето да им ја донесат „светлината на Евангелието.

„Да се следи Христос  на тој начин“ – стои во пораката – „секогаш е сведоштво на Божјата љубов кон секое создание“. Поделувајќи го својот благослов на учесниците на 20 Меѓународен конгрес на Реновабис, Папата изрази надеж дека животното сведочење исполнето со вредностите и општественото залагање може да биде во темелите за градењето на обновено општество.

РВ/к.мк








All the contents on this site are copyrighted ©.